by gt
02.Sep.2010 10:57
После неколку статии посветени специјално на Citroen DS3 и ветувањето кое го дадовме дека ќе бидете навремено известени за секоја новост поврзана со него, сега еве ја конечно најубавата вест од сите!
За огромно задоволство на фановите на автомобилскиот спорт првите нарачки на CITROËN DS3 RACING почнаа да се прават од вчера, први септември 2010.
Инженерите кои работеа на CITROËN RACING си присвоија еден CITROËN DS3 и го обработија според имиџот на секторот за натпревари на Марката. Доказ на сензационалност и динамизам затоа што CITROËN освои пет титули за светски шампион на WRC рели во класата производители и шест титули за возач и совозач за Себастиан Лоеб (Sébastien Loeb) и Даниел Елена (Daniel Elena).
Изработен на база на нивото на опременост Sport Chic овој CITROËN DS3, во верзија RACING покажува крајно спортски и ексклузивни карактеристики. CITROËN DS3 RACING гарантира атрибути на 100 % RACING, меѓу кои се вбројуваат елементи од карбонати и специјална опрема кои произлегува од светот на автомобилските трки. CITROËN RACING со мотор од 1,6 литри и 202 КС со кои може да го надмине и времето за изминување на 1000 m од 26,5 секунди. Шасијата и подвозјето се исто така предмет на прецизна обработка.
Кај нас се нуди по цена од 29 990 € и првите кои ќе го нарачаат ќе можат да ги направат првите километри веќе од крајот на годинава.
